Серија закани за бомби во училишта во Србија, наставата прекината во повеќе градови

Серија закани за бомби во училишта во Србија, наставата прекината во повеќе градови

пред 2 часа

Училиштата низ Србија денеска добија закани за поставени бомби. Учениците беа евакуирани, а полициски екипи вршат проверка на објектите.

Во Лесковац беа евакуирани ученици од пет основни и едно средно училиште. Локалната полициска управа потврди дека заканите, како и во претходните случаи, биле испратени преку електронска пошта. Меѓу институциите каде што е прекината наставата се Музичкото училиште во Лесковац и Основното училиште „Светозар Марковиќ“ во Вучје.

Од утринава, пријави за поставени експлозивни направи пристигнаа и во бројни основни и средни училишта во Јужнобачкиот округ. Пораките биле испратени на официјалните електронски адреси на училиштата.

Наставата беше прекината и во неколку училишта во Белград. Во Нови Сад, поради слична закана, беше евакуирано Основното училиште „Вук Караџиќ“.

Текстот Серија закани за бомби во училишта во Србија, наставата прекината во повеќе градови е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top