Силно невреме ги зафати САД, населението е загрижено, а спасувачките служби се на нозе.
Ништо подобро нема во северозападниот дел на Европа.
Така, на пример, во Британија има прекин во снабдувањето со електрична енергија, а силен ветер се заканува повторно да затвори дел од патиштата и мостовите.
Само во оваа земја се забележани четири жртви од невремето, додека во Европа има девет.
Ветерот со силни налети ги зафати и Белгија, Холандија, Данска и Германија.
Пожарникарите во Холандија соопштија дека три лица загинале при паѓање на дрвја во и околу Амстердам.
Четврто лице загина во северната провинција Гронинген откако со автомобил удрило во паднато дрво.
Во соседна Белгија, постар маж загина кога силен ветер го турна во канал во Ипрес.
Во округот Вексфорд во Ирска, маж се здобил со повреди бидејќи врз него паднало дрво додека ги отстранувал урнатините предизвикани од бурата.