По неколкумесечна суспензија, американските федерални истражни тела повторно ја отворија истрагата против Хантер Бајден, синот на новоизбраниот претседател на САД. По препорака на Министерството за правда на САД, истрагата беше прекината и сите активности што може да влијаат на исходот од претседателските избори во САД беа забранети.
Сега кога завршија претседателските избори, истрагата против Хантер Бајден влегува во нова фаза, а Федералното обвинителство во Делавер, даночната служба и ФБИ преземаат нови чекори и повикуваат сведоци и соработници на Хантер Бајден, дознава Си-eн-eн од добро информиран извор близок до истрагата.
„Обвинителството во Делавер, исто така, вчера ги извести моите правни застапници дека е одмрзната истрагата на даночната служба. Мислам дека е многу сериозно, но убеден сум дека по објективна и професионална истрага на спорните прашања, ќе се потврди дека го работев мојот бизнис легално и соодветно во секој поглед, дури и кога станува збор за даноците“, сооопшти Хантер Бајден.
Некои од сомнителните трансакции поврзани со деловно работење во Кина, за кои е осомничен синот на новоизбраниот американски претседател, вклучуваат и лица за кои ФБИ смета дека имаат разузнавачки интерес.