Сијарто: Унгарија го гледа потенцијалното враќање на Трамп на власт како шанса за мир во Украина

Сијарто: Унгарија го гледа потенцијалното враќање на Трамп на власт како шанса за мир во Украина

пред 3 месеци

Унгарија го гледа потенцијалното враќање на Доналд Трамп на функцијата претседател на САД на изборите во ноември како „шанса за мир во Украина“, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Во интервју за Ројтерс во Вашингтон, Сијарто рече дека целта на Будимпешта е да стави крај на војната во Украина преку мировни преговори во кои учествуваат Русија и Украина.

„Верувам дека мора да има многу силно надворешно влијание, за двете страни барем да седнат на преговарачка маса. Кој може да го направи тоа во наредниот период? Само Трамп, ако биде избран“, рече Сијарто.

Текстот Сијарто: Унгарија го гледа потенцијалното враќање на Трамп на власт како шанса за мир во Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top