Скандал во Англија: 43.000 луѓе наводно добиле неточни резултати од ковид-тестови

пред 3 години

Во лабораторија во Англија прекинати се тестирањата на Ковид-19 откако се појавија сомнежи дека околу 43.000 луѓе можеби добиле неточни резултати од тестот.

Покрената е истрага откако се појавија информации за луѓе кои добиле негативни резултати на ПЦР тестот во лабораторија во Вулверхемптон, откако претходно биле позитивни на уредот со кој се спроведува тестирањето.

Се проценува дека во таа лабораторија биле спроведени 400.000 тестови и дека околу 43.000 луѓе добиле неточни резултати од 8 септември до 12 октомври.

„Во рамки на нашата истрага, соработуваме со компанијата NHS Test and Trace за да ги идентификуваме лабораториските технички проблеми што довеле до тоа луѓето да добијат неточни ПЦР резултати“, рече Вил Велфер од британската Агенција за здравствена безбедност.

Од клиниката во чија лабораторија се откриени погрешни резултати, велат дека целосно соработуваат со Агенцијата.

Share
Scroll to Top