Словенија: Од утре престанува ограничувањето на цената на горивата, се очекува големо поскапување

пред 2 години

Од утре, 1 мај, во Словенија престануваат да важат регулираните цени на нафтените деривати, па се очекува нивен значителен пораст на почетокот од следната недела.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Владата не одлучи да ја продолжи мерката со која од март највисоката малопродажна цена на бензинот од 95 октани беше фиксирана на 1,503 евро за литар, а на дизелот на 1,541 евро.

Властите оцениja дека регулирањето на цените на течните горива веќе ја одиграло својата улога во ублажувањето на цените и дека нема нарушувања на пазарот на деривати, но на уште три месеци ги продолжија намалените акцизи на енергенсите.

Share
Scroll to Top