Снежна бура парализира делови од Америка: затворени автопати и училишта, се очекува снег до 30 сантиметри

Снежна бура парализира делови од Америка: затворени автопати и училишта, се очекува снег до 30 сантиметри

пред 1 година

Снежната бура, која зафати голем дел од централниот дел на САД, доведе до затворање на делови од два меѓудржавни автопати, како и училишта и владини канцеларии во неколку американски сојузни држави.

Се очекува дека од 20 до 30 сантиметри снег ќе падне во делови од американските сојузни држави Колорадо, Мичиген, Канзас, Небраска, Ајова, Мисури и Илиноис, објавија метеоролошките служби, пренесува АП.

Според извештаите, вчера паднале околу 19 сантиметри снег во градот Атол, Канзас.

Текстот Снежна бура парализира делови од Америка: затворени автопати и училишта, се очекува снег до 30 сантиметри е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top