Сноуден поднесе барање за двојно државјанство

пред 6 години

Поранешниот аналитичар на Американската агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден, изјави дека покрај американското ќе поднесе и барање за руско државјанство.

„По долгогодишна разделеност од родителите, јас и сопругата не сакаме да бидеме разделени од нашиот син. Тоа е причината поради која во време на пандемија и затворени граници, поднесуваме барање за двојно, американско-руско државјанство“, наведе Сноуден на „Твитер“.

Во 2013 година, тој објави податоци за методите на електронско набудување што ги користат американските разузнавачки служби, вклучително и незаконското снимање на странски лидери. Сноуден избега од гонење и поднесе барање за азил во неколку земји, вклучувајќи ја и Русија.

Тој доби дозвола за престој во Русија на 1 август 2014 година. Неговиот адвокат, Анатолиј Кучерена, минатиот месец рече дека на Сноуден му е одобрен постојан престој во Русија.

Share
Scroll to Top