Соботка: „Украина во ЕУ без Западен Балкан – Никогаш”

пред 2 години

„Австрија никогаш нема да и одобри кандидатски статус ​​на Украина за членство во ЕУ на сметка на Западен Балкан“. Ова го соопштил претседателот на австрискиот парламент Волфганг Соботка, пренесуваат агенциите.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Австрија никогаш нема да го поддржи тоа“, изјавил Соботка во интервју за АПА.

Тој посочил дека за Австрија е важно сите земји од Западен Балкан не само да имаат европска перспектива, туку и да им се покаже начинот на кој можат да влезат во ЕУ.

Тој потсетил дека австрискиот канцелар Карл Нехамер јасно ставил до знаење дека нема да има брз пристапен процес за Украина. За австрискиот предлог за пристапниот процес, Соботка рекол дека тоа е добро за земјите од Западен Балкан.

„Процесот го управуваат земјите што сакаат да се приклучат. Ако ги исполнат сите услови, тогаш ќе бидат членки“, објаснил тој.

Истовремено, го критикувал актуелниот пристапен процес со 35 поглавја, во кои, како што посочил, според написите на медиумите, „преговорите се одвиваат на неодредено време без да им се покаже перспектива на граѓаните“.

Покрај тоа, вели тој, австрискиот „нон-пејпер“ црпи поуки од претходните процеси на пристапување.

„Бугарија и Романија се приклучија по многу краток период и сакавме да решиме повеќе прашања како што е владеењето на правото. Не сакаме таква ситуација по втор пат“, објаснил тој.

Оценил, според извештаите во медиумите, дека ветото на Бугарија против Северна Македонија е неподносливо и дека го нарушува угледот на ЕУ во регионот.

Австрискиот „нон-пејпер“ е добар за спречување на вакви блокади, додал тој, според написите во медиумите.

Share
Scroll to Top