Советник на Џонсон поднесе оставка по објавувањето на извештајот за расни прашања

пред 4 години

Специјалниот советник на британскиот премиер Борис Џонсон за граѓанското општество и заедниците, Семјуел Касуму, поднесе оставка ден по објавувањето на извештајот за расните несогласувања во Велика Британија, во кој беше заклучено дека земјата нема системски проблем со расизмот.

Касуму, кој инаку е црнец, ќе ја напушти таа позиција следниот месец, а канцеларијата на Џонсон објави дека тој планирал да го стори тоа пред неколку месеци, пренесува АП.

Даунинг стрит негираше дека оставката на Касум е поврзана со објавувањето на извештајот, но Сајмон Вули, поранешен владин советник за еднаквост и член на Домот на лордовите, изјави дека неговата оставка секако е поврзана со површниот извештај.

Според него, во Даунинг стрит 10 има криза кога станува збор за препознавање и решавање на расната нееднаквост.

„Би-би-си“ наведува дека Касуму во оставката ја обвинил Конзервативната партија на Џонсон дека спроведува политика на поделба и дека во февруари, кога тој сакал да си даде оставка, тие успеале да го убедат да не го стори тоа.

Share
Scroll to Top