Средба Маричиќ-Абазовиќ во Подгорица: Продолжување на реформите за стабилен Западен Балкан

пред 3 години

Министерот за правда Бојан Маричиќ кој е во дводневната посета на Црна Гора, се сретна со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, а тема на разговорите беа реформите и европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Двете земји имаат навистина блиски пријателски односи, но потребно е да се интензивира соработката пред се во размената на искуствата на двете земји во областа правосудство и владеење на правото.

„Ние со Црна Гора има навистина одлична соработка, искрено пријателство, нема отворени прашања и единствено што ни останува е да се интензивира соработката и да земаме како држава искуства во процесот на преговори со Унијата” изјавил Маричиќ на средбата.

Министерот за правда за време на посетата на Подгорица ќе се сретне и со својот црногорски колега Секуловиќ и со државите секретари на Министерството, а ќе се обрати и на панелот “ЕУ Интеграциони политики во Западен Балкан – Како да се одржува агендата за ЕУ интеграција?”.

Share
Scroll to Top