Стејт департментот објави документ за помошта која што се очекува за бегалците од Авганистан

пред 3 години

Со оглед на влошената безбедносна состојба ги повикуваме сите страни да го почитуваат и олеснaт безбедното и уредно заминување на странски државјани и Авганистанци кои сакаат да ја напуштат земјата.

Ова е почетокот на заедничката изјава подготвена од американскиот Стејт департмент, која е потпишана од околу 100 земји и Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност.

Меѓу земјите потписници на изјавата, во врска со обезбедување на услови за бегалците од Авганистан, е и Македнонија, заедно со Хрватска, Црна Гора, Албанија, Словенија и Косово, како земји од Западен Балкан.

Од регионот потписници на документот не се само Србија и Босна и Херцеговина.

Во изјавата, меѓудругото, се повикуваат оние кои се на позиции на моќ и авторитет во Авганистан да сносат одговорност и отчетност за заштита на човечките животи и имоти и за итно враќање на безбедноста и граѓанскиот поредок.

„Мора да им се дозволи на Авганистанците и другите граѓани кои тоа го сакаат да заминат, а патиштата, аеродромите и граничничните премини да останат отворени за да се одржи смиреност“, се наведува во соопштението.

Во него се додава и дека авганистанскиот народ заслужува да живее безбедно и достоинство и се нагласува дека меѓународната заедница е подготвена да му помогне во тоа.

Земјите потписнички на документот се: Албанија, Австралија, Австрија, Бахами, Белгија, Буркина Фасо, Канада, Чиле, Колумбија, Костарика, Брегот на Слоновата Коска, Хрватска, Чешка, Данска, Доминиканска Република, Ел Салвадор, Естонија, Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, Микронезија, Фиџи, Финска, Франција, Грузија, Германија, Гана, Грција, Гватемала, Гвајана, Хаити, Хондурас, Исланд, Ирска, Италија, Јапонија, Косово, Летонија, Либерија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Маршалските Острови, Мавританија, Црна Гора, Науру, Холандија, Нов Зеланд, Северна Македонија, Нигер, Норвешка, Палау, Панама, Парагвај, Полска, Португалија, Кватар, Јужна Кореја, Кипар, Романија, Сиера Леоне, Словачка, Словенија, Шпанија, Суринам, Шведска, Того, Тонга, Уганда, Обединетото Кралство, Украина и Јемен, пренесе британски „Гардијан“, кој дошол до документот.

Share
Scroll to Top