Стогодишно лице осомничено за убиство во Белгија

пред 3 години

Белгиската полиција уапси маж на возраст од 99 или 100 години, осомничен за убиство во дом за стари лица. Белгиските власти уапсија еден постар човек, кој наводно е на возраст од 99 или 100 години, под сомнение дека убил колега од старечкиот дом во кој живеел, пренесуваат тамошните агенции.

Деталите за овој инцидент, што се случил во понеделникот, сè уште не се познати, но обвинителството во Гент, Белгија, преку изјава потврди дека жителот на домот е во притвор под сомнение дека извршил убиство.

Агенциите вчера објавија дека осомничениот е на возраст од 99 или 100 години, што го прави веројатно најстариот притвореник во Белгија.

Според водечката организација која обезбедува нега и грижа за стари лица, последниот познат случај на убиство во старечки домови во Белгија датира од 90-тите години на минатиот век.

Share
Scroll to Top