Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Приштина изјави дека Алијансата ќе направи се’ за да спречи, како што рече, повторување на насилството што беше забележано во мај, како и во Бањска на 24 септември, велејќи дека е важно да се пронајдат одговорните за да се обезбеди таквото насилство да не се повтори.
„Насилството во Косово е неприфатливо. Затоа го зголемивме присуството со уште 1.000 војници, што е најголемото засилување на НАТО во претходната деценија“, рече Столтенберг на прес-конференција во Приштина.
„Кога станува збор за истрагата, НАТО не е истражен орган, прашањето за Бањска е работа на косовската полиција, ЕУЛЕКС, а тоа утре ќе го кажам и во Србија. Секако, очекуваме одговорните да бидат изведени пред правда. Важно е да има последици, насилството не можеме да го повториме“, рече Столтенберг.
Текстот Столтенберг од Приштина: НАТО ќе направи се’ за да спречи повторување на насилството од мај и септември е превземен од МАКФАКС.