Шефот на НАТО: Кина сака добри односи со Западот и и помага на Русија, не може да ги има и двете

Столтенберг: САД ќе останат силен сојузник на НАТО без разлика кој ќе стане претседател

пред 3 месеци

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека очекува САД да останат „силен и посветен“ сојузник на Алијансата, без оглед на исходот од претстојните претседателски избори во САД.

Во Вашингтон, за време на обраќањето пред новинарите, Столтенберг изрази уверување дека членките на Алијансата ќе останат посветени Украина да стане членка на НАТО и додаде дека се уште е рано да се каже кога тоа ќе се случи.

Тој изјави дека Алијансата не гледа непосредна воена закана за ниту една од сојузничките земји, посочувајќи дека Русија е целосно окупирана со војната во Украина.

Текстот Столтенберг: САД ќе останат силен сојузник на НАТО без разлика кој ќе стане претседател е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top