Стотина во карантин откако е откриен случај на заразен со Ковид-19 на аеродром во Шангај

пред 3 години

Властите во Шангај ставија во карантин стотици луѓе во обид да ја сопрат новата епидемија на „Ковид-19“ во градот, откако на аеродромот беа откриени новозаразени меѓу работниците на службата за примање и испраќање товар, објавија локалните власти.

Околу 120 луѓе кои се сметаат за блиски контакти на петте заразени работници на аеродромот Пудонг се ставени во карантин, заедно со стотици други кои се сметаат за секундарни контакти.

Двајца работници за товарен сервис, кинески државјанин и државјанин на Етиопија, се меѓу четирите локално пренесени случаи во вкупно 20 нови потврдени инфекции во Кина до 20 август.

Уште два локални случаи се откриени во провинциите Џангсу и Хубеи.

Официјалните претставници на Шангај изјавија дека идентификувале уште тројца работници на аеродромот Пудонг како потврдени случаи.

Кина, исто така, објави 20 нови асимптоматски случаи на коронавирус до 20 август. Не се пријавени нови смртни случаи.

Share
Scroll to Top