Талибанците го обвинија Вашингтон за кршење на мировниот договор

пред 5 години

Фактот дека членовите на новата авганистанска влада се на црната листа на САД го прекршува мировниот договор постигнат во Доха, се наведува во соопштението на талибанците.

„ Сите службеници, без исклучок, требаше да бидат исклучени од црните листи на Обединетите нации и САД. Барањето останува на сила”, се додава во соопштението.

Талибанците и Американците потпишаа мировен договор на 29 февруари 2020 година во главниот град на Катар: во замена за повлекување на силите на НАТО од Авганистан, милитантите ветија дека ќе ги прекинат врските со „Ал Каеда“ (организација забранета во Русија ) и да седнат на преговарачка маса со администрацијата на земјата.

Во август оваа година, во светло на повлекувањето на американската армија од Авганистан, талибанците ги окупираа сите поголеми градови и прогласија крај на 20-годишната војна.

Тие неодамна го објавија составот на новата влада, чии членови се на црните листи на ОН и САД.

Талибанците постојано изјавуваат дека сметаат на меѓународно признавање на движењето како легитимен авторитет во Авганистан.

Share
Scroll to Top