Татко убил две мали деца во Аризона, добивал третман за ментално здравје пред убиствата

Татко убил две мали деца во Аризона, добивал третман за ментално здравје пред убиствата

пред 2 години

Татко од Аризона, Брук Матер, ги убил своите мали деца (7 и 6 години).

Брук Матер (34), неговиот син (7) и ќерката (6) во понеделникот беа пронајдени мртви во семејната куќа во предградието на Феникс.

Полицијата соопшти дека во скутот на таткото го пронашла оружјето – пушката со која е извршено злосторството, пренесува Daily Mail.

Матер добивал третман за ментално здравје пред убиствата. Мајката на децата, Хоуп Матер, загрижена повикала полиција, откако од училиштето била информирана дека децата не доаѓаат на настава.

Мајката отишла во куќата и заѕвонила неколку пати, но никој не и ја отворил вратата. Таа повикала полиција кога го видела автомобилот на Брук надвор од куќата.

Двојката била среде развод, а децата викендов биле кај татко им, пренесува Телеграф.

 

Текстот Татко убил две мали деца во Аризона, добивал третман за ментално здравје пред убиствата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top