ТВ обраќање на Путин: Прозападните Руси се национални предавници

пред 3 години

Во вчерашното телевизиско обраќање, рускиот претседател Владимир Путин ги нарече прозападните Руси национални предавници.

„Западот ќе се обиде да се потпре на т.н. петта колона, на националните предавници, на тие што овде кај нас заработуваат, а живеат таму. Не мислам само дека тие ‘живеат таму’ во буквална, географска смисла на зборот, туку според нивните размислувања, нивната ропска свест“, рече Путин.

Терминот „петоколонаши“ се користи уште од времето на Шпанската граѓанска војна и често се употребува во комунистичките и социјалистичките земји. Накратко, петколонашите се симпатизери на непријателот, оние кои одвнатре го уништуваат поредокот и системот на една држава во корист на надворешните непријатели.

Уредникот на Би-би-си Русија, Стив Розенберг, пишува дека Путин има проблеми и дома.

„Путин се бори на сите фронтови. Во Украина… и дома.

Сфаќајќи дека санкциите овде ќе предизвикаат силна економска болка, бара некој да обвини, за да не биде обвинет од Русите.

Жртвените јагниња на Кремљ се ‘петтата колона’, ‘националните предавници’, прозападните ‘ѓубриња’“, пишува Розенберг.

Share
Scroll to Top