Токсичниот смог во Индија го покри Таџ Махал, летовите во Њу Делхи беа одложени

Токсичниот смог во Индија го покри Таџ Махал, летовите во Њу Делхи беа одложени

пред 12 месеци

Токсичниот смог предизвика денеска доцнење на летовите на аеродромот во Њу Делхи, а апликацијата за следење летови „Flightradar24“ покажува дека 88 отсто од полетувањата и 54 отсто од пристигнувањата се одложени, пренесе Ројтерс.

Официјалните лица го обвинија високото ниво на загадување, во комбинација со влажноста и намалениот ветер, за густиот смог, кој ја намали видливоста на меѓународниот аеродром на 300 метри.

Смогот го покри и познатиот индиски споменик на љубовта, Таџ Махал во градот Агра, како и најсветото светилиште на сикизмот, Златниот храм во Амритсар.

Текстот Токсичниот смог во Индија го покри Таџ Махал, летовите во Њу Делхи беа одложени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top