Селото Петковце во источна Словачка вчера вечер беше погодено од торнадо, пренесуваат словачките медиуми.
Иако торнадото траеше само една минута и погоди само дел од селото, за тоа кратко време ги однесе покривите на четири куќи, а уште три куќи беа оштетени.
Делови од покривите што ги однесе торнадото беа пронајдени на околу 100 метри.
Пожарникарите веднаш пристигнале на местото на настанот и помогнале да се санира штетата.
Торнадото собори и неколку дрвја и столб за струја, а патот беше привремено непрооден.