Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека не е под притисок да постигне договор со Иран и ги обвини демократите дека ја поткопуваат американската позиција.
Во објава на „Трут соушал“, Трамп ги отфрли медиумските тврдења за притисок и порача дека проблемот со Иран ќе го реши на правилен начин, без брзање кон договор што не е доволно добар.
Тој истакна дека времето не му е непријател и дека целта е конечно да се реши долгогодишниот проблем, обвинувајќи ги претходните претседатели дека не покажале доволно храброст и визија.
Фото: Depositphotos
Текстот Трамп: Велат дека сум под притисок да постигнам договор со Иран, тоа не е вистина е превземен од МАКФАКС.





