Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го повика актуелниот претседател Џо Бајден да поднесе оставка поради настаните во Авганистан.
Во изјавата, Трамп оцени дека е време Бајден да поднесе оставка поради она што дозволи да му се случи на Авганистан, зголемувањето на бројот на луѓе кои страдаат од Ковид-19“, уништувањето на енергетската независност на САД и осакатување на економијата, пренесува „Њујорк пост“.
По повлекувањето на американската армија по насилната офанзива, Талибанците го зазедоа главниот град на Авганистан. Претседателот избега од земјата, а исто така и десетици илјади Авганистанци се обидоа да го сторат тоа.