Трамп за протестите во Франција: Причината е масовната миграција и исламот, а не училиштата

Трамп за протестите во Франција: Причината е масовната миграција и исламот, а не училиштата

пред 4 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи за големите протести во Франција и оцени дека нивната причина не се проблемите во училиштата, туку масовната миграција и исламот.

„Она што се случува во Франција не е ништо друго освен неконтролирана масовна миграција. Овде не станува збор за училиштата, туку за исламот кој сака да ја преземе некогаш големата земја“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

Протестите, да потсетиме, почнаа како ученичко движење поради состојбата во средните училишта, недостигот од кадар, условите за работа и други проблеми во образовниот систем, а потоа им се приклучија и други групи.

Во протестите учествуваат ученици, наставници, родители и синдикати, додека дел од собирите беа проследени со судири со полицијата, пожари и немири.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека денеска низ земјата протестирале 256.000 луѓе, меѓу кои 56.000 во Париз. Синдикатите, пак, тврдат дека на протестите имало 450.000 луѓе, од кои 100.000 во главниот град.

Текстот Трамп за протестите во Франција: Причината е масовната миграција и исламот, а не училиштата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top