Трамп: Историјата ќе покаже дека постапив правилно, но поради тоа, имавме ваква ноќ

Трамп: Историјата ќе покаже дека постапив правилно, но поради тоа, имавме ваква ноќ

пред 4 часа

Во интервју во живо за „Фокс њуз“, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „донекаде изненаден“ од загубите што неговата партија ги претрпе на конгресните избори. „Мислев дека ќе поминат подобро“, рече тој, укажувајќи на своите „величенствени предизборни собири“ и „големиот ентузијазам“ меѓу неговите поддржувачи.

Трамп навести дека има намера да соработува со демократите во Конгресот, додавајќи дека разговарал со неколку нивни претставници, иако не откри за кои лица станува збор. На прашањето како планира да соработува со демократите, тој го истакна своето право на вето, опишувајќи го како „непробивливо“ и како „една од најмоќните алатки што ги има еден претседател“.

„И по неколку месеци користење на ветото, тие ќе ми се јават и ќе речат: ’Како ќе го решиме ова?‘ И тогаш ќе работиме заедно“, изјави тој.

Тој предвиде дека двете партии би можеле да најдат заеднички јазик околу имиграциската политика. „Мислам дека можеме да соработуваме со нив за имиграцијата“, рече тој. Трамп призна дека демократите „си ја завршиле работата добро“ и дека „се бореле силно“.

„Некои кандидати што ги поддржав, ми се спротивставија“
Тој за „Фокс њуз“ изјави дека му е „многу жал“ поради поразот на републиканската сенаторка Дарлина Греам, притоа осврнувајќи се на смртта на нејзиниот брат, долгогодишниот сенатор Линдзи Греам. „Таа, всушност, истовремено тагува и води кампања, а потоа, како капак на сè, ѝ се случи и ова“, рече Трамп.

Што се однесува до другите изборни порази, тој главно ги обвини самите републикански кандидати, тврдејќи дека на неговите гласачи „не им се допаднале кандидатите“. „Некои кандидати што ги поддржав, ми се спротивставија, а на моите гласачи не им се допадна фактот што тие ми се спротивставија“, рече тој, истакнувајќи ја лојалноста на своите поддржувачи.

Трамп исто така изјави дека не планира никакви промени во својата администрација. Тој призна дека војната со Иран и нејзиното влијание врз цените на енергенсите веројатно имале негативен ефект врз изборните резултати на републиканците.

„Мислам дека историјата ќе покаже оти постапив правилно, но за нас тоа значеше прилично непријатна вечер“, заклучи американскиот претседател.

Текстот Трамп: Историјата ќе покаже дека постапив правилно, но поради тоа, имавме ваква ноќ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top