Трамп нареди две нуклеарни подморници да се преместат поблиску до Русија

Трамп нареди две нуклеарни подморници да се преместат поблиску до Русија

пред 17 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наредил две нуклеарни подморници да бидат „позиционирани во соодветните региони“ како одговор на „многу провокативните“ коментари на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.

Трамп рече дека дејствувал „за секој случај“, пишува Би-Би-Си.

„За секој случај, ако овие глупави и провокативни изјави се повеќе од тоа. Зборовите се многу важни и честопати можат да доведат до несакани последици, се надевам дека ова нема да биде еден од тие случаи“.

Тој не кажа каде се распоредени двете подморници, во согласност со американскиот воен протокол.

Дмитриј Медведев неодамна им се закани на САД како одговор на ултиматумите на Трамп до Москва да се согласи на прекин на огнот во Украина или да се соочи со строги санкции.

Медведев го обвини Трамп дека игра „ултиматум со Русија“.

Во објава на X, тој рече дека „секој нов ултиматум е закана и чекор кон војна“.

Тој, исто така, го опиша ултиматумот на Трамп како „театарски“ претходно во јули, велејќи дека „на Русија не ѝ е гајле“.

Пишувајќи на Телеграм во четврток, Медведев предупреди на заканата од „мртва рака“ – што некои воени аналитичари го протолкуваа како референца на кодното име на рускиот систем за контрола на нуклеарни напади за одмазда.

Трамп одговори на коментарите на Медведев. Во четврток, тој го опиша Медведев како „неуспешен поранешен претседател на Русија кој мисли дека е сè уште претседател“.

Трамп, исто така, го предупреди Медведев да „внимава на своите зборови“, додавајќи дека „стапнува во многу опасна територија!“

Текстот Трамп нареди две нуклеарни подморници да се преместат поблиску до Русија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top