Трамп: Постапките на Фејсбук, Твитер и Гугл се „тотален срам“.

пред 3 години

Она што го направија Фејсбук, Твитер и Гугл е тотален срам и срам за нашата земја, рече Трамп обвинувајќи ги овие компании за кршење на неговите права за слобода на говорот.

„Овие корумпирани компании за социјални медиуми мора да ја платат политичката цена и никогаш повеќе не смееме да дозволиме да го уништуваме и десеткуваме нашиот изборен процес“, рече Трамп.

Пристапот на Трамп на Фејсбук беше суспендиран по упадот на демонстранти во зградата на Конгресот во Вашингтон на 6 јануари, а конечната одлука беше пренесена на Надзорниот одбор, кој е независно тело и може да ги менува одлуките во врска со сметките на социјалните мрежи.

Надзорниот одбор денеска ја поддржа суспензијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп од таа социјална мрежа, но рече дека одлуката за суспендирање на „неопределено време“ е погрешна, пренесува Ројтерс.

Share
Scroll to Top