Трамп: САД ќе престанат да му исплаќаат четири милијарди долари годишно на Израел

Трамп: САД ќе престанат да му исплаќаат четири милијарди долари годишно на Израел

пред 2 часа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека постигнал договор со израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, за прекин на редовната американска финансиска помош за Израел до крајот на годината.

„Нетанјаху и јас пред неколку месеци се договоривме да престанеме да му исплаќаме на Израел четири милијарди долари годишно. До крајот на годинава ќе престанеме со тие исплати, а во иднина ќе му помагаме на Израел ако има потреба“, изјави Трамп за „Фокс њуз“.

Тој додаде дека Израел повеќе нема потреба од таква финансиска помош и дека може самостојно да купува американско оружје.

Засега не е јасно на кој финансиски аранжман се однесува изјавата. Постојниот договор за американска воена помош на Израел, во вредност од 3,8 милијарди долари годишно, истекува во 2028 година.

Кабинетот на Нетанјаху засега не ги коментирал тврдењата на Трамп.

Текстот Трамп: САД ќе престанат да му исплаќаат четири милијарди долари годишно на Израел е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top