Најмалку три лица загинаа, а уште две се ранети во пукотница за време на куќна забава во градот Дауни, во американската сојузна држава Калифорнија, јави ТВ „АБЦ 7“.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Во извештајот се наведува дека кај три лица била констатирана смрт на местото на настанот, а маж и жена се хоспитализирани.
Околностите за пукањето се уште не се јасни, но полицијата соопшти дека се работи за изолиран инцидент и дека нема истакнати осомничени.
Според информациите објавени на телевизија, се верува дека напаѓачот е меѓу загинатите.