Тројца Сиријци уапсени во Турција за киднапирање дете за откуп

пред 4 години

Полицијата во Истанбул приведе тројца осомничени под сомнение за киднапирање сириско дете за откуп, соопштија вчера безбедносни извори, пренесува „Анадолија“.

Осомничените, исто така Сиријци, побарале 8.000 долари од семејството на детето и се заканиле дека ќе му ги продадат бубрезите ако не биде извршена уплатата.

Еден од роднините на детето ја известил полицијата и споделил фотографија што киднаперите му ја испратиле на семејството, покажувајќи го детето со врзани раце.

Истанбулската полиција започна истрага и дозна дека детето се наоѓа во областа Пендик. Малолетникот е пронајден, а сторителите се приведени.

 

Share
Scroll to Top