Националната авиокомпанија на Република Турција Туркиш ерлајнс денеска го продолжи прекинот на летовите со Украина и Молдавија поради руската војна против Украина.
– Нашите летови со Украина и Молдавија до 22 март (вклучувајќи го тој датум) се откажани – објави компанијата на Твитер.
За промена на билетот или враќање на парите, патниците треба да ја контактираат својата туристичка агенција, да ја посетат веб-страницата на Туркиш ерлајнс или да го контактираат центарот за повици на компанијата.
Туркиш ерлајнс ги прекина летовите од двете земји на 24-ти февруари кога започна руската воена операција во Украина.
Туркиш ерлајнс имаше летови до шест точки во Украина, и тоа Харков, Керсон, Киев, Лавов, Одеса, Запорожје и до главниот град на Молдавија, Кишињев.