Турските власти денеска во Анкара ќе се сретнат со финска и шведска делегација

пред 3 години

Состанокот на турските претставници со делегациите на Финска и Шведска ќе се одржи денеска во Анкара, а една од темите на разговор е влезот на овие земји во НАТО и барањата што Турција ги постави пред нив.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Делегацијата ќе ја предводат портпаролот на претседателот Ибрахим Калин и заменик министерот за надворешни работи Седат Онал, додека шведската и финската делегација ќе ја претставуваат државните секретари Оскар Стенстром и Јука Саловара.

– Средбата треба да се одржи во претседателската палата во 13 часот по локално време – посочуваат од МНР.

„Доколку Шведска и Финска не покажат јасно дека ќе бидат солидарни со Турција за основните прашања, особено во борбата против тероризмот, нема да имаме позитивен пристап кон членството на овие земји во НАТО“, рече Ердоган за време на разговорите со Столтенберг.

Да потсетиме, Шведска и Финска минатата недела официјално поднесоа барање за почеток на процедурата за влез во НАТО.

Сепак, се огласи и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој рече дека Турција не може да ја прифати нивната кандидатура се додека земјите ги поддржуваат активностите на организациите поврзани со курдското движење ПКК.

Покрај осудата на движењето ПКК и неговите филијали, Турција ги повикува скандинавските земји да извршат поголем притисок врз поддржувачите на движењето во земјите.

Покрај барањето Шведска и Финска да ги осудат активностите на организациите поврзани со движењето ПКК, турските власти поставија и голем број други барања во врска со укинување на ограничувањата за извоз на оружје во Турција.

Исто така, последното барање што Турција го упати до Шведска и Финска е да понуди безбедносни гаранции за сето горенаведено, а не ветувања, пренесуваат медиумите.

Share
Scroll to Top