Уапсена калуѓерка поради соработка со мафијата во Калабрија

Уапсена калуѓерка поради соработка со мафијата во Калабрија

пред 2 години

Калуѓерка беше меѓу 25-те лица уапсени во четвртокот во полициска операција насочена кон огранок на мафијата „Ндрангета“ со седиште во Калабрија во провинцијата Бреша, објави Анса.

Неколку локални политичари беа уапсени и под истрагата за „изнуда, трговија со оружје и дрога, лихварство, даночни кривични дела, перење пари“ и наводна размена на услуги меѓу организираниот криминал и политичкиот свет.

Уапсената калуѓерка, на која и беше одреден домашен притвор, беше обвинета за надворешна вмешаност во мафијашкото здружение, според агенцијата.

Таа наводно помогнала на мафијашка банда да добие информации од нејзините членови во затворот.

Текстот Уапсена калуѓерка поради соработка со мафијата во Калабрија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top