Уапсен украински шпион во Москва

пред 3 години

Украински државјанин, извесен Рудас од Харков, бил уапсен во Москва за шпионажа, а наводно бил регрутиран од Украинската служба за безбедност (СБУ) во април 2021 година.

„Тоа може да се види на видео направено за време на сослушувањето“, пренесува агенцијата ТАСС која имала увид во оваа снимка.

„Бев регрутиран од СБУ во април 2021 година. Ме контактираше агент по име Антон, немам повеќе информации за него“, вели тој.

Според осомничениот, негова задача била да собира информации за проруски новинари и украински граѓани кои се противат на украинскиот режим.

Тој открил и дека претходно работел за полската тајна служба.

Руската Федерална служба за безбедност соопшти дека Рудас, кој има државјанство на Полска и Украина, бил приведен при обид да собере информации за руски војници кои се вклучени во операциите во Украина.

Share
Scroll to Top