Украина користела беспилотни летала „камикаѕе“ за да нападне воени објекти во три региони на Русија, јавува украинската агенција „Унијан“ повикувајќи се на извор од Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина.
Според агенцијата, нападите биле извршени во регионите Белгород, Воронеж и Липецк.
Се додава дека една од целите бил металуршкиот комплекс „Новолипек“ и локалната тракторска фабрика.
Текстот Украина: Беспилотни летала со „камикаѕе“ нападнаа воени објекти во три руски региони е превземен од МАКФАКС.