Градскиот советник на Мариупол, украинскиот пристанишен град кој падна во руски раце, зборуваше за украинската телевизија Еспресо за моменталната ситуација во тој град во југоисточна Украина.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Олександар Лашин вели дека условите во градот се ужасни и дека има недостиг од вода и струја.
„Во Мариупол е колапс. На некои места има струја, а окупаторите им дадоа вода на некои луѓе, но улиците се поплавени. Канализација тече по улиците, насекаде смрди. Се чувствува и смрдеа на тела – изјави Лашин.
„Руските окупатори не можат да воведат ред. Граѓаните не можат да заминат, тие се едноставно затвореници на окупаторите“, додаде тој.