Украина: Ја презедовме контролата врз целиот регион на Киев

пред 3 години

Украинските сили повторно презедоа контрола врз целата територија на Киевската област, изјави денеска заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малијар.

„Целиот киевски регион е ослободен од напаѓачите“, рече таа на Фејсбук, пренесува Ројтерс.

Претходно советникот на украинскиот претседател Олекиј Арестович изјави дека украинските сили повторно зазеле повеќе од 30 градови и населби во регионот на Киев.

Share
Scroll to Top