Украинска пратеничка: Руски војници сексуално напаѓаат жени

пред 2 години

Украинска парламентарка алармира поради извештаите дека руски војници силуваат и сексуално напаѓаат жени за време на инвазијата на нејзината земја.

Марија Мезенцева рече дека Украина „нема да молчи“ за овие злосторства.

Во телевизиско интервју, Мезенцева се осврна на случајот од Бровари, источно предградие на Киев, каде што една жена била силувана пред очите на нејзиното дете. Во средата, генералниот обвинител Ирина Венедиктова изјави дека властите го истражуваат нападот и дека Украина и соопштила на Русија дека е издаден налог за апсење на дотичниот војник, објави Гардијан.

– Има еден случај за кој во последно време наголемо се зборува бидејќи е снимен и инициран од обвинителството, а да не навлегуваме во детали, тоа е многу застрашувачка сцена кога цивил беше убиен во неговата куќа во мало гратче во близина на Киев – Мезенцева.

Неговата сопруга – извинете но морам да го кажам ова – неколку пати била силувана пред своето малолетно дете – рекла таа.

По нападот се верува дека војникот му се заканувал на детето.

Мезенцева, шеф на постојаната делегација на Украина во Парламентарното собрание на Советот на Европа, рече дека таквите случаи мора да се евидентираат бидејќи „правдата мора да победи“. Силувањето и сексуалниот напад се сметаат за воени злосторства и кршење на меѓународното хуманитарно право.

Мезенчева посочи дека ваквите случаи се недоволно пријавени и дека се надева оти Обединетото Кралство ќе ја пренесе својата експертиза за тоа како да се поддржат жртвите по злосторството.

– Има многу повеќе жртви од само оваа што ја најави јавниот обвинител. И секако, очекуваме уште многу од нив, кои ќе бидат јавни кога жртвите ќе бидат подготвени да зборуваат за тоа – истакна таа.

Претходно овој месец, друга украинска пратеничка, Лесија Василенко, им кажа на британските парламентарци дека руски војници силуваат и сексуално напаѓаат жени.

– Имаме пријави за групно силување на жени. Овие жени обично се оние кои не можат да излезат. Станува збор за повозрасни граѓани. Повеќето од овие жени биле или егзекутирани по силувањето или си ги одзеле животите, рече таа.

Дефинитивно нема да молчиме“, додаде Мезенцева.

Share
Scroll to Top