Украинскиот претседател ги посети ранетите војници

пред 4 години

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска ги посети војниците во болница. Тие беа ранети за време на руските напади.

Зеленски разговараше со лекарите, но и со војниците на кои им посака брзо закрепнување.

Според Обединетите нации (ОН), од 24 февруари досега во Украина се убиени најмалку 564 цивили, а 982 се повредени.

Агенцијата на ОН за бегалци соопшти дека повеќе од 2,6 милиони луѓе од Украина побегнале во соседните земји, а околу два милиони се раселени во Украина.

Share
Scroll to Top