Украински министер: Русија треба да биде целосно изолирана, а нејзината економија уништена

пред 3 години

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, повика на целосна изолација на Русија, а една од работите што ја бара од меѓународната заедница е ембарго за купување руска нафта.

„Киев, нашиот голем, мирен град, преживеа уште една ноќ на напади на руските копнени сили. Еден од проектилите погоди станбена зграда во Киев. Барам од светот: Русија да биде целосно изолирана, амбасадорите протерани, воведено ембарго за нафта, а нејзината економија целосно уништена. Стоп за руските воени злосторници“, напиша Кулеба на „Твитер“.

Share
Scroll to Top