Најмалку 78 деца се убиени во Украина од почетокот на специјалната операција на руската армија во Украина, изјави денеска украинскиот омбудсман Људмила Денисова.
Денисова рече и дека поради тековните борби околу јужниот град Мариупол, градот Волноваха и градот Ирпин во Киевската област, властите не можат да утврдат колку луѓе се убиени или ранети на тие места, пренесува Ројтерс.
Според денешните тврдења на украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников, руските сили кои ја започнаа операцијата во Украина, убиле повеќе украински цивили отколку војници.
„Сакам ова да се слушне не само во Киев, туку и низ целиот свет“, рече Резников, пренесе Ројтерс.
Специјалната операција на руската армија во Украина влезе во третата недела, а според вицепремиерот на Украина Ирина Верешчук, само во пристанишниот град Мариупол за време на опсадата биле убиени околу 1.300 цивили, додека Москва ги негира тврдењата дека цели цивили.