Украински пратеник: Разговарав со војниците од Мариупол, ќе се борат до крај

пред 3 години

Украинскиот пратеник од Одеса, Олексеј Гончаренко за Би-Би-Си изјави дека украинските војници во Мариупол нема да и’ се предадат на Русија.

„Разговарав со нив вчера и знам дека ќе се борат до крај“, рече тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека ќе ги прекине преговорите за запирање на инвазијата во случај Русија да ги „елиминира“ украинските борци во Мариупол.

Русија вчера објави дека последните украински војници се во комплексот на фабриката и ги повика да се предадат доколку сакаат да излезат живи.

Гончаренко вели дека во Мариупол се случил „вистински геноцид“. Во градот имало околу 100.000 цивили, а се смета дека повеќе од 20.000 биле убиени, рече тој.