Украинското министерство објави нов извештај – во руската агресија досега се убиени 16 деца

пред 3 години

Украинското Министерство за внатрешни работи објави нов извештај за цивилните украински жртви во екот на руската агресија, која влезе во петти ден.

Според извештајот на украинското Министерство за внатрешни работи, во напад на руските воени сили досега се убиени 352 украински цивили, меѓу кои 16 деца.

Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека се повредени 1.684 лица, од кои 116 се деца.

Share
Scroll to Top