УНИЦЕФ денеска објави дека речиси 100 деца биле убиени во Украина во текот на месец април и дека се верува дека реалните бројки би можеле да бидат многу поголеми, пренесува Си-ен-ен.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Само за минатиот месец ОН потврди дека се убиени речиси 100 деца, а ние веруваме дека реалните бројки се многу поголеми“, рече високиот претставник на УНИЦЕФ, Омар Абди, во обраќањето пред Советот за безбедност на ОН.
Високиот претставник рече и дека најмалку 15 од 89 училишта поддржани од УНИЦЕФ во источна Украина биле оштетени или уништени во воениот судир.