УНИЦЕФ: Семејствата во Газа во катастрофална ситуација по поплавите и бурите

УНИЦЕФ: Семејствата во Газа во катастрофална ситуација по поплавите и бурите

пред 5 часа

Ситуацијата за семејствата и децата во Газа останува катастрофална поради обилните поплави и обилните дождови, објави Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ).

Во последните неколку дена, првата зимска бура во овој регион директно погоди околу 17.000 семејства, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Рикардо Пирес. „Гледаме тажни приказни за очајни семејства кои се чувствуваат целосно изгубени и исцрпени откако нивните шатори се поплавени“, рече тој.

Повеќето од погодените семејства се раселени во последните две години и го изгубиле целиот свој имот, што, според УНИЦЕФ, го отежнува преживувањето во екстремни услови, пренесува „Ал Џезира“.

Портпаролот на УНИЦЕФ ги нагласи особено тешките последици за децата. „Кога децата спијат во поплавени шатори без топла облека или сува постелнина – на многумина им недостасува потребната исхрана со многу низок имунитет и веќе се трауматизирани од конфликтот, зимата станува исклучително опасна“, рече тој.

Пирес истакна дека поплавите и студените услови значително го зголемуваат ризикот од хипотермија, респираторни инфекции, па дури и смртност кај најранливите.

УНИЦЕФ апелираше до меѓународната заедница и хуманитарните организации за итна помош за да им се обезбеди на семејствата во Газа основна безбедност, сува облека, храна и засолниште, особено за децата кои се во најголема опасност.

Фото: принтскрин

Текстот УНИЦЕФ: Семејствата во Газа во катастрофална ситуација по поплавите и бурите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top