Само три дена откако објави дека УСС Нимиц го напушта Персискиот Залив, Пентагон ја смени одлуката велејќи дека воениот брод ќе остане на Блискиот Исток поради иранските закани кон претседателот Доналд Трамп, пренесува РТ.
Наредбата за продолжување на мисијата беше издадена во неделата од вршителот на должност министер за одбрана, Крис Милер, кој рече дека никој не треба да се сомнева во решението на САД. Веста дојде точно една година по американскиот атентат врз иранскиот генерал Касем Солејмани.
Само три дена пртходно, Милер ја упати групата „Нимиц кериер страјк“ да се врати дома во Бремертон, Вашингтон, по 10-месечната мисија, подолга од вообичаеното, фалејќи го екипажот за напорната работа, посветеноста и флексибилноста покажана за време на мисијата. Ротацијата беше сфатена од некои американски медиуми како гест за деескалација на тензијата со Иран пред годишнината.
Имаше многу тврдења дека во последните денови од претседателствувањето на Трамп може да се случи некаков инцидент меѓу американски трупи и Иран. Самиот Техеран предупреди дека Израел може да почне операција за да поттикне војна помеѓу нејзиниот покровител во странство и неговиот регионален клучен непријател. Годишнината помина без поголеми превирања.
Техеран смета дека убиството на Солеимани е чин на државен тероризам извршен од САД. Откако тоа се случи пред една година, иранската војска изврши ракетни напади против две американски бази во Ирак, испраќајќи предупредување преку ирачките канали и давајќи им на војниците доволно време да се засолнат. Покажувањето сила не резултираше со жртви од американска страна.
Како што се приближуваше годишнината, голем број високи ирански официјални лица изјавија дека убијците на Солејмани, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, нема да избегаат од правдата. Претседателот Хасан Рухани предвиде дека судбината на Трамп ќе биде слична на онаа на Садам Хусеин и го прослави крајот на неговото претседателствување, велејќи дека тој ќе оди на буништето на историјата.
Некои американски медиуми ја протолкуваат пораката како закана со смрт. Техеран бесно ги отфрли обвинувањата, велејќи дека убиството на странски лидери е американско-израелски препознатлив метод, а не нешто што Иран го прави.