Ученик од петто одделение фрлил клупа врз наставник во Прокупле, имал напад на бес

Ученик од петто одделение фрлил клупа врз наставник во Прокупле, имал напад на бес

пред 4 месеци

Во Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) во Ниш, наставник по музика во Основното училиште „Ратко Павловиќ-Чиќко“ во Прокупле, бил лекуван од повреда што му ја нанел ученик од петто одделение, кој му фрлил стара клупа.

Во Универзитетската болница во Ниш вчера соопштија дека на повредениот (63), по извршниот преглед, му биле констатирани отворени рани на прстите на левата нога, пред сѐ, на палецот.

„По прегледот, пациентот е пуштен на домашно лекување“, додаваат од нишкиот клинички центар.

Според медиумите од Прокупле, ученикот што го повреди наставникот „имал напад на бес и врескал речиси цел час“, а не можеле да го смират ниту другите наставници ниту дежурниот полицаец.

Станува збор за ученик, кој поради разни инциденти, делумно го завршил четвртото одделение со онлајн-настава.

Текстот Ученик од петто одделение фрлил клупа врз наставник во Прокупле, имал напад на бес е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top