„Фавипиравир“ трајно регистриран во Русија за третман за Ковид-19

пред 6 месеци

„Фавипиравир“, лекот што се користи за лекување на Ковид-19, доби трајна регистрација во Русија, изјави рускиот заменик-министер за здравство, Виктор Фисенко, пренесува ТАСС.

„По забрзаната постапка, дадовме зелено светло за лековите за превенција (вакцини), антивиралните лекови – „фавипиравир“,„ремдесивир“ и за „левилимаб“, лекот што се користи за ублажување на цитокинската бура“, рече тој, додавајќи дека „фавипиравир“ добил траен сертификат за регистрација.

Претходно месецов, помошникот на министерот за здравство, Алексеј Кузнецов, посочи дека во Русија не се регистрирани случаи на сериозни несакани ефекти кај препаратите засновани на „фавипиравир“ за третман на пациенти со Ковид-19.

„Од моментот на регистрација, препаратите се вклучени во системот за задолжително обележување на лекови што овозможува контрола на движењето на секое пакување. Според законската регулатива, надзорот над фармацевтските производи го извршува „Росздравнадзор“ (Федералната служба за надзор во здравството). Не се регистрирани случаи на сериозни несакани ефекти од употребата на препаратите во нашата земја“, рече тој.

Кузнецов, исто така, истакна дека руските препарати базирани на „фавипиравир“ ја докажале нивната безбедност и ефикасност според резултатите од три фази на клинички испитувања и успешно се користат за третман на пациенти со Ковид-19. Претходно, Руската федерална служба за надзор во здравството информираше дека Русија регистрирала три лекови базирани на „фавипиравир“- „авифавир“, „арепиливир“ и „коронавир“.

Share
Scroll to Top