Американската влада не може да го користи Законот за итните медицински третмани за да бара од болниците во Тексас да вршат абортуси во случаи кога животот на жената е загрозен, одлучи Федералниот апелациски суд.
Едногласната одлука на советот на судии доаѓа во време на бранот тужби поврзани со воведувањето итни исклучоци во сојузните држави, каде што абортусот е забранет, пишува „Ројтерс“.
Во јули 2022 година администрацијата на претседателот Џо Бајден издаде упатство во кое се наведува дека Законот за итниот медицински третман од 1986 година може да се користи за да се бараат абортуси кога животот на жената е загрозен, дури и во држави во кои абортусот е целосно забранет.
Упатствата беа објавени набргу откако Врховниот суд на САД ја поништи пресудата „Роу против Вејд“ од 1973 година, со која се легализираа правата на абортусот во Соединетите Американски Држави.
Сепак, државата Тексас и некои организации веднаш ја тужеа американската влада велејќи дека објавувањето на упатствата го попречува федералното право за ограничување на абортусот.
Текстот Федералниот суд: Тексас би можел да го забрани абортусот, дури и кога животот на трудниците е загрозен е превземен од МАКФАКС.