Фидан: Израелскиот експанзионизам останува примарно безбедносно прашање во регионот

Фидан: Израелскиот експанзионизам останува примарно безбедносно прашање во регионот

пред 12 часа

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека израелскиот експанзионизам останува примарно безбедносно прашање во регионот.

„Израелскиот експанзионизам продолжува да претставува главен проблем на стабилноста и безбедноста во нашиот регион. Проблемот со кој се соочуваме во Заливот во никој случај не треба да нè натера да го заборавиме прашањето за Газа“, рече Фидан во Доха, за време на заедничката прес-конференција со премиерот и министер за надворешни работи на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, објави „Анадолија“.

Според Фидан, „спречувањето на употребата на Ормускиот теснец како оружје е важно не само за регионалната стабилност, туку и за глобалната економија“.

Текстот Фидан: Израелскиот експанзионизам останува примарно безбедносно прашање во регионот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top